Аспас со финта го изигра правилото за пет жолти картони, Ла Лига го истражува случајот

824

34-годишниот напаѓач на Селта Виго, Јаго Аспас, со финта се обиде да го изигра правилото за пауза по пет добиени жолти картони во Ла Лига, откако на последниот меч намерно заработи жолт картон знаејќи дека на следниот меч на Селта и онака нема да игра поради повреда.

Имено, Аспас му донесе водство на својот тим во 11. минута на мечот со Валенсија, а за време на прославата на голот тој почувствува болка во препоните, по што му стана јасно дека нема да може да го продолжи натпреварот, а веројатно ќе го чека и пауза од неколку недели.

Затоа реши да го соблече дресот за да го прослави голот, а потоа седна на теренот. Пред Шпанецот да го напушти теренот, судијата му покажа жолт картон, што беше негов петти сезонава и автоматски резултира со пауза од еден натпревар.

Правилата на шпанската лига велат дека суспензијата се брои и при лекување на повреда. Сепак, финтата на Аспас може да биде дополнително санкционирана, затоа што член од правилата на Ла Лига вели дека играчите може да добијат дополнителни натпревари суспензија и парична казна од 600 евра за намерно предизвикување суспензија со собирање жолти картони.

Претходно„Биковите“ си обезбедија европска пролет, Меси и Мбапе го „растурија“ Бриж (ВИДЕО)
СледноКајри е подготвен да се вакцинира, но само со растителна вакцина!?