Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг, најавил дека е подготвен да се вакцинира против коронавирусот, но само со растителна вакцина.
„Ирвинг се пресели на 100 отсто растителна исхрана, па чека да биде подготвен да се вакцинира со одобрена растителна вакцина. Според бројките објавени во август, една таква вакцина е веќе во процес на клинички испитувања со повеќе од 30.000 луѓе“, вели изворот.
Според најблиските луѓе на Ирвинг, тој разбира дека сите негови зборови ќе бидат преувеличени и под лупа и не сака да го сметаат за антиваксер.
„Тој едноставно не им верува на постоечките вакцини“, тврдат неговите блиски.
Поради прописите на Њујорк за КОВИД-19, Ирвинг нема да има право да игра на домашните натпревари на Нетс. Клубот најави дека ќе го врати кошаркарот во составот само доколку биде достапен за сите натпревари.