Бејтулаи: Можеме до триумф среде Чаир!

348

Дали попладнево на Чаир актуелниот шампион го игра својот најзначаен меч, пресуден меч во текот на оваа сезона? Отако Шкендија е елиминирана во Купот, сега и преостанува само низ првенството да ги оствари целите и амбициите. Во пресрет на 17.коло, во пресрет на големото дерби на Чаир, Шкендија има – 8 бодови во однос на лидерот, тимот на Шкупи. Па така во случај на пораз веројатно и дефинитивно ќе се прости од титулата. Во случај на победи, е тогаш ќе биде супер – интересно до крајот.

Капитенот на шампионот, Егзон Бејтулаи, кој имаше непријатна сцена на мечот во неделата против Пелистер, и тоа од своите навивачи, за дуелот на Чаир истакнува.

Ние како клуб, како тим, си ги остваривме нашите цели во пресрет на последните две кола оваа есен. Тоа се две победи и шест бодови. Јас верувам дека Шкендија може да го победи Шкупи и тоа среде Чаир, се разбира под услов да одиграме квалитетно и да бидеме доволно мотивирани“ рече покрај другото Бејтулаи.

ПретходноПМФЛ: Мега – дерби на Чаир, ќе “гори“ во Штип, Ѓорче, Автокоманда…Влатко кај “својата“ Ренова!
СледноЏани во јануари се сели во Серија А!?