Шок: Стадионите во Англија ќе се затворат за фановите!

697

Лоши вести доаѓаат од Островот. Имено клубовите во Премиер – лигата, но и сите останати пониски лиги, стравуваат дека стадионите набргу ќе бидат затворени за гледачите, за нивните фанови. Ова доаѓа поради Ковид-19 и новиот сој Омикрон, кој брзо се распространува во Англија и во В. Британија. Од надлежните има такви најави, дека ако состојбата барем малку не се подобри, тогаш логично ќе биде да се преземат и такви мерки.

Ова ќе биде навистина голем удар, ако се знае дека сега доаѓаат Божиќните празници на кои по традицијата се играат многу мечеви и дека приходот е голем.

ПретходноПолувреме во ПМФЛ: Захов и Наумовски фаќаа зицери, “лавовите“ убедливи против “пандевци“!
СледноАдеми: Не стравуваме од Хајдук, Динамо пак ќе биде шампион!