Атлетската федерација на Македонија во рамките на Конференцијата која ја одржува овие два дена во Дојран, ги прогласи најдобрите атлетичари за 2021 година во младинска и сениорска конкуренција.
За најдобра атлетичарка беше прогласена Дрита Ислами од АК Работнички која на Европското екипно првенство во дисциплината 400 метри со пречки по вторпат успеа да го собори сениорскиот рекорд.
Наградата за најдобар атлетичар отиде во рацете на Дарио Ивановски од АК Делта, кој е Балкански Шампион во дисциплината на 3000 метри во сала и освојувач на вкупно пет медали на мегународна сцена, во година во која има 10 национални рекорди.
Кај младите, наградите ги понесоа Михаела Лазаровска од АК Центар и Адријан Исмаили од АК Камјани.
Најдобри во категорија СЕНИОРИ-КИ :
Дрита Ислами клуб : Работнички
Дарио Ивановски клуб : Делта
Најдобри во категорија МЛАДИНЦИ-КИ :
Михаела Лазаровска клуб : Центар
Адриан Исмаили клуб : Камјани
Најдобри во категорија МЛАДИ МЛАДИНЦИ-КИ :
Ана Божиновска клуб : Центар
Владимир Сол Б.Битољану клуб : Работнички
Најдобри во категорија ПИОНЕРИ-КИ :
Снежана Туневска клуб : Работнички
Брајан Авија клуб : 7ми Мај
Најдобри во категорија МЛАДИ ПИОНЕРИ :
Јумна Фетаху клуб : 7ми Мај
Марко Атанасовски клуб : Работнички
Најуспешен атлетски клуб за 2021 година : Атлетски клуб „ Делта „ – Скопје
Признание за особен придонес во Атлетскиот спорт за 2021 година кои ги доделува Европската Атлетика :
– Рахман Алија – АК „ Лириа „ – Скопје ( тренер )
– Марија Стојановска – АК „ Делта „ – Скопје ( тренер )
– Александра Војнеска Зикова ( за придонес во развој на Федерацијата )
– Ана Крстевска ( Жена лидер на Европа )
