Џини Вајналдум не е среќен во ПСЖ и според „Скај Спортс“ е расположен за можното враќање во Премиер лигата во јануари. Англиските медиуми пишуваат дека тој можже да дојде на позајмица во Арсенал.
Минатото лето Холанѓанецот дојде во Париз откако по пет години минати на „Енфилд“ го напушти Ливерпул како слободен фудбалер. Неколку месеци подоцна, 31-годишниот Холанѓанец, кој не успеа да се наметне во стартниот состав на Маурисио Покетино, веќе го изрази своето незадоволство.
„Не можам да кажам дека сум целосно среќен, бидејќи ситуацијата не е онаква каква што сакав“ , изјави тој во октомври.