Конечно: По 27 месеци Брегалница е поразена на свој терен!

468

На ден 19 септември 2019 година во Штип, се играше дербито на истокот во ВМФЛ меѓу Брегалница и Тиквеш. Победија кавадарчани со 0:1, стадионот во Штип беше преполн, двете навивачки групи беа тука, одлична игра. Штипјани после мечот тагуваа, а кавадарчани се радуваа. Сепак никој од тие 4.000 лица што беа присутни на тој меч на Градскиот стадион под Исарот, не ни сонуваше дека “сините“ во наредните 27 месеци, поточно до 08.12.2021 година, нема да бидат поразени во првенствен меч. Требаше вчера во Штип да дојде Работнички, да ја надигра Брегалница и да си победи со 1:2. Ова е прв пораз за штипските “сини“ по неверојатни 27 месеци, колку денови се во прашање пресметајте сами.

Со овој пораз и со елиминацијата од Купот, сега се чини дека Брегалница како клуб е далеку, далеку од европскиот сон. Тешко дека овој клуб би можел да се врати и да биде во игра за првите три места на табелата кои водат во Европа, четвртото е нели преку Купот.

Шкупи, А.Пандев и Шкендија се светлосни години пред оваа Брегалница, пред овој клуб од Штип.

Сепак секоја чест за Брегалница. Да се остане непоразен цели 27 месеци тоа не го може секој.

Но, лекот бил Работнички….

ФОТО: FK Bregalnica FB

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Фудбалска фешта -ПРЕПОЛН Чаир!
СледноЕлмас: Да бидам искрен, не знам која е мојата природна позиција