Судии за баражите: Ецкоски на Арената, Грујоски ќе им суди на Ренова и Охрид!

523

Познати се судиите за утрешните бараж натпревари за пласман во Првата лига. Имено Марјан Ецкоски од Охрид, ќе биде “главен“ на средбата меѓу Тиквеш и Силекс. Негови помошници ќе бидат Слаѓан Маркоски (Гостивар), Даниел Василевски (Скопје) и Јован Качевски (Струга).

Овој натпревар се игра на Арената во Скопје со почеток од 16 часот.

На дуелот меѓу Ренова и Охрид, кој се игра исто утре и тоа на ФФМ со почеток од 16 часот, главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево. Него ќе му помагаат Куштрим Лика (Кичево), Зоран Јанкуловски (Кичево) и Марјан Стојановски (Кичево).

ПретходноСимиќ со Барселона стана младински првак на Каталонија
СледноБешикташ тргнува по Ламине Диак од Шкупи!