А како да не биде кога одигра маестрална партија вчеравечер на домашен терен во триумфот од 3:2 над Лестер во клучниот дуел во овој дел од натпреварувањето.
Нашиот репрезентативец постигна два гола, одигра маестрален меч и е најзаслужен што Наполи извојува важна победа синоќа. Токму затоа е и избран за играч на колото во Лигата на Европа во конкуренција од многубројни звезди кои со своите екипи обезбедија пласман во следната, елиминациона фаза.
Eljif Elmas = Player of the Week winner! 🏅
Agree with the order? 🤷@hankookreifen | #UELPOTW | #UEL pic.twitter.com/ONMjORTTME
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) December 10, 2021