По Бесар Гуџуфи, големиот талент на македонскиот фудбал, турскиот гигант, тимот на Бешикташ се чини дека посакува уште еден играч од ПМФЛ.
А тоа е, барем според медиумите во Турција, играчот за врска на Шкупи, Ламине Диак. Се коментира изјавата на вториот човек на Бешикташ, Емре Коџадаг, дека “црно – белите“ од Истанбул биле силно заинтересирани за Сенегалецот од редовите на Шкупи.
Инаку Ламине Диак на Чаир дојде во јули 2019 години. Во дресот на Шкупи одигра две одлични сезони, без него средниот тим на чаирчани едноставно не можеше да се замисли.
Останува да се види дали Шкупи ќе го продаде Диак, како што тоа го направи со Дембо Дарбо. Кој, да се потсетиме дека зимоска за големи пари направи трансфер во Шахтјор Солигорск, или ќе остане на Чаир и ќе биде дел од тимот на тренерот Гоце Седлоски кој во следната сезона ќе се обиде да и го зеде приматот во мак-фудбалот на Шкендија.