0
Синоќа во дербито на Џенова се случи нешто што досега се нема забележано во светот на фудбалот. Имено на мечот Џенова – Сампдорија, гостинскиот фудбалер Маноло Габијадини постигна гол, односно истиот му беше признат а тој не беше во игра.
Ќе речете како е можно?
Е па Габијадини голот го даде во 67.минута, но потоа ВАР техонологијата решаваше дали тој гол е исправно постигнат, а во меѓувреме стрелецот на голот беше заменет. Па така тој од клупата дозна дека и официјално е стрелец на голот.