„Лудото“ хрватско дерби за Хајдук

67

Денеска беше посебен ден за фудбалот во Хрватска, затоа што на програмата беше дуелот Хајдук и Динамо. Вечното дерби се играше во Сплит, пред преполн Пољуд. На огромна радост на домашните, Хајдук го доби дуелот со 2:1, откако направи комплетен пресврт.

Бељо ги доведе гостите во водство за да потоа, Меккена си постигне автогол за 1:1.

Во 59.минута Санјанг реализира за 2:1, а веќе во тие моменти временските услови во Сплит беа ужасни поради облилниот дожд.

До крајот на регуларниот дел од дуелот, истиот се претвори во тотален хаос. Теренот буквално се претвори во базен, и вода имаше буквално на сите страни. Судијата во еден момент го прекина мечот, се разгледуваше опцијата за конечен крај, но сепак истиот се одигра со петнаесетина минути продолжение.

 

ПретходноБаерн само со реми кај Аугзбург
СледноРФМ обезбеди пренос како што доликува од дербито меѓу ГРК Охрид и Алкалоид (ФОТО)