Јувентус се „удави“ во Венеција, одигра само 1:1 (ВИДЕО)

254

Екипата на Јувентус не успеа да слави на гостувањето кај Венеција во рамките од 17. коло од Серија А, и одигра само 1:1, со што само си ја продлабочи резултатската и играчка криза.

Јуве поведе со голот на Мората во 32. минута, но во вториот дел одигра катастрофално па прими гол уште во 55. минута. Гостите иако се далеку поквалитетен тим, сепак до крајот на мечот не успеаа да постигнат уште еден гол и да слават на ова гостување каде што реалено за нив победата беше императив.

Со овој бод, Јувентус е шести со 28 бода, додека пак Венеција е 16. со исто толку бодови.

ПретходноРаботнички без странците се распадна во второто полувреме во Кавадарци
СледноКолку пари – толку музика: Странците во Работнички не простуваат долгови