Тимот на Манчестер Јунајтед вчера на гостински терен одигра 0:1 против последнопласираниот тим во Премиер лигата, тимот на Норич. Единственииот гол на овој меч го постигна Кристијано Роналдо од пенал, и тоа длабоко во второто полувреме. Потоа домашниот тим сериозно притисна на противничката половина и Јунајтед имаше сериозен проблем да се одбрани, и да го сочува тешко стекнатото водство.
„Мечот беше исклучително тежок и интензивен. Противникот воопшто не играше како тим кој е последен на табелата. Пробавме да ја контролираме играта, но не дека во секој момент имавме најдобри решенија. Воопшто не сум среќен поради тоа. Им подарвиме премногу корнери. Не примивме гол, но не дека противникот немаше шанси. Не спаси Де Геа. Имавме среќа, и пред нас е уште многу работа“ – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник по вчерашниот меч.
Јунајтед во моментов е петти со 27. бодови, а во следното коло му гостува на Брендфорд.










