Пелистер со нов тренер во плеј-офот

340

КК Пелистер во пресрет на полуфиналната серија од домашниот плеј-оф ќе има новоо тренерско име на клупата. Српскиот тренер Небојша Видиќ ќе ја води екипата до крајот на сезоната, откако заради здравствени проблеми, Марјан Илиевски не беше во Битола повеќе од еден месец.

Битолчани веќе в среда го очекуваат првиот меч од полуфиналната серија против МЗТ Скопје.

Видиќ изминативе две сезони работеше како помошник во рускиот прволигаш Нижњи Новгород, а претходно освои шампионската титула со бугарскиот клуб Балкан од Ботевград.

Пелистер и официјално преку соопштение ја објасни целата ситуација.

„КК Пелистер ја информира јавноста дека заради здравствените проблеми на тренерот Марјан Илиевски, принудена е да доведе нов привремен тренер на екипата. Српскиот стручњак Небојша Видиќ ќе го води тимот во плеј-офот. Тој веќе се запозна со екипата и го одработи првиот тренинг. Клубот потенцира дека, како што е предвидено и според договорот, Марјан Илиевски ќе се врати на подготовките и ќе ја води екипата во сезоната 2021/22. На тренерот Илиевски му посакуваме успешно заздравување, а на тренерот Видиќ успешна работа“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

ПретходноФонсека веднаш си најде работа – се сели во Фиренца!?
СледноКонференциска лига: Струга ТЛ и Силекс за ривали може да ги добијат Марибор, МОЛ Фехервар, Олимпија, Сараево…