Тренерот на италијанскиот шампион Интер, Симоне Инзаги, во радоста додека ја прославуваше победата на својот тим над Калјари со 4:0, на заминување кон соблекувалните се лизна на скалите при напуштањето на теренот.
Тој се лизна по скалите што водат кон соблекувалните, но за среќа веднаш стана и замина со насмевка на лицето, но и со смирувачки гест кон навивачите.
Инзаги помина без никакви повреди, но ситуацијата на неговиот пад предизвика лавина смеа кај фановите.
Simone Inzaghi can’t stop slipping pic.twitter.com/7lCB689xWY
— Siavoush Fallahi (@SiavoushF) December 12, 2021