Интер иронично ја прокоментира повторената ждрепка

1649

Повторениот ждреб за осминафиналето на Лигата на шампионите донесе многу контроверзии и негодување од страна на некои клубови. Клубот од Милано првично требаше да се сретне со Ајакс, но по повторената ждрепка одлучено е сепак да патува на „Енфилд“ на мегдан со Ливерпул кој исто така имаше полесна ждрепка во првиот обид затоа што го доби Салцбург.

„Туристичкиот водич за Амстердам е на продажба. Нема време за губење“, напишаа од Интер, а притоа ја означи Бенфика со порака да ја земе понудата во предвид.

Дополнителна полемика настана откако на екранот се појави информација дека не можат да се соочат Ливерпул и Виљареал.

Ситуацијата се случи во пресрет на шестиот пар, а се било по правилата затоа што во случај Ливерпул да го извлечеше Виљареал тогаш на Интер како можни противници би му останале Јувентус и Реал Мадрид, а тоа не е можно од две причини.

Првата е што во оваа фаза не можат да се соочат екипи од иста држава (во случајот Јувентус) како и екипи кои веќе играле во иста група (во случајот Реал Мадрид).

По автоматизам Ливерпул не можеше да игра со Виљареал, а „Црвените“ на крајот го извлекоа Интер.

Инаку при првичната ждрепка се испомешаа работите. Виљареал го доби за противник Манчестер Јунајтед, а тоа не смееше да се случи затоа што двете екипи играа во иста група. Потоа се тргна наопаку, па на крајот УЕФА ја поништи ждрепката и повторно ги влечеше паровите за осминафиналето.

 

ПретходноИ италијанските истражители го гонат агентот Фали Рамадани
СледноНорвешка го елиминира светскиот првак, познати се паровите во 1/4 финалето