„Волчицата“ без проблеми против Специја (видео)

130

Екипата на Рома запиша победа во последниот меч од 17. коло во Серија А. „Волчицата“ очекувано триумфираше против Специја со 2:0 со голови во првото и второто полувреме. Најпрвин резултатот го отвори Крис Смолинг. Тоа беше англиска комбинација, Абрахам асистира, додека дефанзивецот Смолинг погоди за водство.

Во 56. минута Ибанез зголеми на 2:0. Пет минути подоцна на Специја и беше поништен гол поради офсајд.

Рома е шеста на табелата со 28 бода и има 9 победи, Специја е на 17. место.

ПРВИОТ ГОЛ НА РОМА ОВДЕ

ВТОРИОТ ГОЛ НА РОМА ОВДЕ

ПретходноЛудо: Фенербахче прими гол од пола терен (видео)
СледноГалијани: Ибрахимовиќ за малку ќе го истепаше Алегри