Бразилски фудбалер убиен од притивнички играч за време на меч

138

Незапамтена трагедија се случила во Бразил откако фудбалерот Џовани Бјанко загинал за време на натпревар. Се работи за меч од пониските лиги на Бразил, а Бјанко добил удар со нога во градите за време на меч за својот клуб Ториненс, а починал на пат до болница. Полицијата го уапсила 21-годишниот противнички играч.

Локалните медиуми пренесуваат дека младиот фудбалер збеснал по една гужва поради фаул по што со нога го удрил Бјанки. Искусниот фудбалер веднаш бил однесен во болница но на пат починал.

„Мислевме дека момчето што за затрча ќе ги раздвои двајцата играчи но тој му зададе удар во градите“, ијави сведок.

Бјанко имал 42 години, а зад себе остави сопруга и син.

ПретходноНестор на терен, Удинезе се пласира во осминафиналето на Купот
СледноДанска е прв полуфиналист на Светското првенство