Лука Јовиќ се враќа во Реал Мадрид, официјално потврди Франкфурт. Клубот во кој српскиот репрезентативец заблеска пред да го облече дресот на „кралскиот“ тим, не успеа да го врати на стариот пат, па по втор пат се разделија.
Како ќе тече кариерата на Јовиќ засега не е познато, Реал Мадрид не ја освои титулата, неизвесно е дали ќе остане Зинедин Зидан, од кого можеби најмногу зависи и неговата судбина.
Тој во првата сезона во Реал постигна само два гола, потоа во есента 2020 година одигра мал број на мечеви, па беше донесена заедничка одлука да се разделат на кратко. Јовиќ беше позајмен на Франкфурт.
Полусезоната ја заврши со четири погодоци, можеби од ова лето ќе може да да го предводи нападот на Франкфурт, но се ќе завриси од нивната финансиска ситуација. Тој е прескап за нив, има и висока плата, па во целата приказна нема да биде чудо ако се приклучи и нов тим.
Ако Зидан остане во Реал, мали се шансите да заигра, со нов тренер, како Алегри, можеби ќе биде во подобра ситуација.
Во секој случај српскиот фудбалер не е ниту на земја, ниту на небо.