Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски беше стрелец на вториот гол за Динамо во победата над Истра во Пула со 0:2 во меч од хрватскиот шампионат. Ристовски погоди во последните секунди, додека Истра се обидуваше да изедначи од корнер фудбалерите на Динамо поведоа контра. Ристовски беше проигран во празно, а тој истрча напред и ја погоди празната мрежа од голот на Истра.