На Комлексот Петар Милошевски денеска од 13:00 часот Македонската фудбалска репрезентација до 21. година ќе се сретне со соодвената селекција на Косово, во рамките од двомечот по повод селективниот камп на нашата селекција.
Селекторот Драган Канатларовски за оваа пригода повика играчи кои се родени 2002 односно 2003 година и кои имаат право за настап во следниот квалификациски циклус, па и понатаму. Целта е секако да се увиди со што во моментов Македонија располага како репрезентативен капацитет и да се селектира за понатаму што се вели.
Првичниот наш противник за овој термин селекцијата на Црна Гора го откажа гостувањето, па ФФМ потоа се одлучи за резервната варијанта соседот Косово.
Иван Николов откажа поради повреда
Во последен момент, за настап за репрезентацијата до 21. година откажа играчот на Вардар, Иван Николов, кој се повреди вчера на гостувањето во Битола, кај Пелистер во рамките од четвртфиналето од купот на Македонија. Спортмедиа дознава дека не се работи за нешто посериозно.