Чеферин: УЕФА се извинува за грешката при ждрепката во ЛШ!

178

Конечно извинување, и тоа од првиот човек на УЕФА Александер Чеферин. Секако дека тука мислиме на она што се случуваше на ждрепката во Нион за осминафиналето во Лигата на Шампионите, кога мораше по вторпат да се ждребува зошто првиот пат откажа софтверот, барем такви беа објаснувањата.

Се извинуваме за тоа што се случи, грешки се случуваат, но ова не беше човечка, туку затаи технологијата. Сепак УЕФА го организираше настанот, и тоа е наша грешка. Не смееме да зваисиме толку од технологијата. Рано е сега да се бара одговорност, ова нека ни биде лекција за во иднина. Кога добив информација дека нешто не е во ред, веднаш беше одржан состанок. Јас не бев таму, но бев во постојан контакт, Одлучено беше да се повтори ждрепката“ истакна Чеферин.

ПретходноКороната прави ХАОС во Премиер-лигата, клубовите бараат прекин на сезоната!
СледноА.Пандев „раскина“ со Бразилецот Каио Лукас Сантос!