Македонија ги доби ривалите во Лигата на Нации. Вака на прв поглед се чини дека имаме добра група, тука се Бугарија, Грузија и Гибралтар. Секако дека не очекуваат сериозни дуели, сите тие селекции си имаат свој квалитет, но и Македонија треба да се респектира.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски за тоа како тој ја гледа групата – 4, во која е и нашата репрезентација, истакнува:
„Групата е тешка, но во денешниот фудбал нема лесен противник, или однапред запишани бодови“ вели тој и продолжува…
„Нѐ очекуваат сериозни натпревари. Грузија е репрезентација против која одигравме неизвесни натпревари во последниот период. Бугарија одигра нерешено против Европскиот првак, Италија. Тоа значи дека нашиот противник бележи значителен напредок. Гибралтар се разбира дека не е истата селекција од првото издание на Лига на нации кога се соочивме во иста група“
Милевски смета дека Македонија мора да одигра најдобро што може на овие натпревари:
„ Македонија мора да биде на највисоко ниво на секој натпревар. Денешниот фудбал, едноставно не трпи поинаков пристап.
Сѐ што ќе бараме од фудбалерите и целиот наш тим е максимално залагање на сите натпревари“.