Челзи освои бод со Евертон, Ливерпул со пресврт го победи Њукасл (видео)

129

Екипата на Челзи одигра само 1:1 против Евертон во 17. коло од Премиер лигата. Мејсон Маунт ги доведе „сините“ во водство во 70. минута, но радоста траеше само четири минути затоа што изедначи дефанзивецот Џарад Брајтвајт.

Челзи со ова реми остана на третото место со 37 бода, а Евертон е 14-ти со 19.

Ливерпул се искачи на второто место по триумфот над Њукасл со 3:1. Џонџо Шелви ја начна мрежата на својот поранешен клуб за водство на Њукасл во 7. минута меѓутоа „Црвените“ од 21. до 25. минута направија пресврт. Прво Диого Жота изедначи, а потоа Мохамед Салах донесе водство. Во финишот Александар Арнолд ги постави конечните 3:1.

Ливерпул ја запиша 12-тата победа, а Њукасл деветтиот пораз и е на претпоследното место.

ПретходноМЗТ Скопје не запира, падна и Спарс (ФОТО)
СледноРадуловиќ: Заслужено победивме!