Германскиот шампион Баерн Минхен го забележал фудбалерот на Лидс Рафиња кој би можел да го замени офанзивецот Кингсли Коман кој ќе го напушти тимот оваа зима. 25-годишниот Рафиња игра одлично во Премиер лигата, а неговите настапи беа забележани од некои фудбалски гиганти меѓу кои и Баерн.
Коман одбива да го продолжи договорот и се поголеми се шансите тој да премине во друг клуб во јануарскиот преоден рок, а Баерн би можел неговото место да го пополни со играчот на Лидс. Па се шпекулира дека за бразилскиот фудбалер Баерн може да понуди до 40 милиони евра.
Рафиња дојде на „Еланд роуд“ во 2020 година од Рен за 18,6 милиони евра и е стандарден фудбалер. Засега во 41 меч има 13 гола. По добрите игри доби и повик за настапи за Бразил и веќе има два гола во пет натпревари.