Лани играше за МЗТ Скопје А., синоќа заигра за Орландо во НБА лигата

883

Од МЗТ Скопје Аеродром до настап во регуларниот дел од сезоната во НБА. Ова е патот на Американецот Хасани Гравет, еден од најзаслужните за двојната круна на МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона. Тој ноќеска го одигра првиот официјален меч за Орландо Меџик во пресметката со Мајами Хит (105-115).

Ова е првпат во историјата на макбаскетот, кошаркар да направи ваков трансфер, односно по сезона мината во македонското првенство да се пресели во најсилната лига на светот.

ПретходноБаерн во Лидс најде замена за Кингсли Коман
СледноПремиерлигашите в понеделник одлучуваат за мал прекин на сезоната