Пелистер ја продолжи очајната серија порази во АБА 2 лигата

97

Кошаркарите на Пелистер ја продолжија очајната низа во АБА 2 лигата. „Зелените“ попладнево загубија и во мечот од 7. коло против екипата на Златибор со 85:83, во меч во кој успеаја да се вратат и играчки и резултатски во завршницата, но на крајот немаа сили за комплетен пресврт. Ова е за нив шести пораз во лигата.

Златибор во скоро целиот тек на мечот имаше континуирана предност. Српскиот состав ја доби првата четвртина со два поени предност 19:17, за во веќе во вториот период да ја зголеми и на дури 11 поени, заминувајќи на пауза со предност од 43:32.

Во редовите на Златибор одличен настап имаа Протиќ и Рос кои некако успеваа континуирано да ја одржат предноста на новиот тим и во третиот период кој заврши со предност од 64:56. Конечно Пелистер заигра како што треба во финалната четвртина. Полека се доближуваше до предноста на противникот, за на само триесетина секунди до крајот со тројката на Малешевиќ да дојдат и до прва предност од 79:78.

Сепак, Златибор веднаш врати со тројка на Кутлешиќ и повторно на 20 секунди до крајот обезбеди плус 2 (81:79). По неколку серии на слободни фрлања, на 7секунди до крајот Пелистер повторно израмни на 83:83, но Златибор во последниот напад успеа да погоди за 2 поени, доби и дополнително фрлање за 85:83.

Малешевиќ со 30 и Кесар со 23 поени беа најефикасни кај битолчани, додека Протиќ со 21 поен беше најефикасен кај Златибор.

фото: АБА 2 лига/ Драгана Стјепановиќ

ПретходноДиего Коста се враќа во Шпанија?
СледноАлкалоид си поигруваше со Аеродром!