Тантуровски, Османовски… не се веќе дел од Работнички!

1496

Како што е вообичаено, секој преоден рок е интересно во клубот од Градски парк. Засега се бројат само заминувањата, а досега ги има вкупно четворица, но во следните денови ќе се објават и имињата на новите членови на Работнички. Еден од тие најверојатно ќе биде Дарко Илиески.

Засега од редовите на Работнички си заминаа Дејан Тантуровски, Анес Османовски на кого договорот му истече, потоа Александар Позњак и Александар Ристевски. Да потсетиме,со овој последниот клубот од Градски парк се раздели уште пред да заврши есенскиот дел.

Инаку Работнички и оваа зима е во специфична ситуација. Едноставно мора да се одработат квалитетно зимските подготовки, не смее да се погреши со засилувањата, треба да се ангажираат навистина квалитетни засилувања. Пролетниот дел ќе биде тежок за тимот на стратегот Борче Христов. Ќе треба што побргу да се “бега“ од опасната зона на прволигашката табела.

ПретходноШвеѓанките го израмнија светскиот редорд на 4х50 метри мешано
СледноГолеада на ФФМ: У-21 Македонија одигра 3:3 со Косово!