Спектакл во Берлин и шлаканица за “милионерите“…

134

Одличен,спектакуларен меч во Берлин во Бундес-лигата, во кој Херта со 3:2 успеада го победи фаворизираниот Дортмунд.Гостите поведоа со голот на Брандт во 31.минута,сепак претходно ВАР им поништи гол на домашните.

Во продолжение можеше да се види вистинска „лудница“…

Бефодил во 51.минута израмнува на 1:1, потоа Рихтер само шест минути подоцна носи водство за еуфорија кај домашните. Серијата ја затвори Рихтер во 69.за 3:1 за Херта, какво издание на домашниот состав.“Милионерите“ се трудеа, но успеја само да го ублажат поразот на конечни 3:2.

ПретходноУбедлив триумф: Арсенал го продолжи очајот на Лидс…
СледноМурињо ги дочека своите пет минути