Како мотив плус: Норвежанките ќе добијат голема премија ако станат светски шампионки

188

Денеска ќе биде познато името на новиот светски ракометен првак во женска конкуренција. Во битката за златниот медал силите ќе ги одмерат Франција и актуелниот европски првак, Норвешка.

Доколку Норвежанките успеат да се искачат на тронот во Шпанија, тие ќе добијат богата премија. Секоја репрезентативка ќе биде наградена со по 13.000 евра. За сребрениот медал наградата изнесувва 8.000 евра.

Дуелот меѓу Франција и Норвешка е закажан со почеток во 17:30 часот, претходно во битката за утешната бронза ќе се сретнат домаќинот Шпанија и Данска.

ПретходноКарим Бензема ја претстави својата колекција на автомобили (ВИДЕО)
СледноХорват: Ситуацијата во Металург не е добра, вака не беше ниту во Загреб!