Навивачите на Лидс Ј.: Со Алиоски имавме 18 победи, ама не ви беше добар за Премиер лига

10649

Вчерашниот пораз на домашен терен од екипата на Арсенал со 4:1 предизвика нов удар во и онака кревкиот пласман на Лидс Ј. на табелата во Премиер лигата. Тимот на Биелса остана на само три победи од почетокот на сезоната и црна серија од три последователни (високи) порази. Навивачите сосема нормално почнаа да негодуваат, а многумина веќе почнаа да прават споредби со тимот кој Лидс Ј. го имаше минатата сезона, но не успеа да го зачува.

Особено споменувано е името на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Голем број фанови отворено негодуваат што некои луѓе во клубот минатата сезона велеа дека Алиоски не бил профил на играч за Премиер лигата и му дозволија да си замине.

„Алиоски одигра 36 натпревари минатата сезона. Учествуваше во 18 победи на тимот. Имаше 3 асистенции, а ние завршивме како 9-ти на табелата. Но, некои луѓе велеа дека тој не бил доволно добар за Премиер лигата. Да, сигурно!“, вели еден од коментарите на навивачите.

„Многумина го критикуваа, но Алиоски кога играше на својата природна позиција, никогаш не даде помалку од 100% од своите можности. Колку само недостасува“, вели еден друг фан на Лидс Ј.

 

ПретходноАвстралија Опен, сепак, без Надал?
СледноПоследен обид: Директорот на ПСЖ седнува на преговори со Мбапе