Е. Пелистер 2 со победа ја заврши оваа година, на домашен терен го совлада Прилеп со убедливи 34-26 во меч од 16. коло. За битолчани ова беше десетта победа, со две ремија и четири порази.
Ѓорговски имаше седум гола кај победникот, кој мечот го реши во првото полувреме, по кое имаше позитива од 18-13. На другата страна Чантурија постигна пет.
Дуелот во Кавадарци заврши без победник, Тиквеш и Пролет ги поделија бодовите (25-25).
Скопскиот тим беше близу до пораз, но се врати од пет гола негатива.
Кавадарчани на стартот на првото полувреме имаа водство од 17-12, па 23-19. Пролет пред последните две минути конечно успеа да израмни 23-23.
Димов подоцна во драматичната завршница реализираше за 24-25, но Тиквеш преку Симиќ ги постави конечните 25-25.
Темелковски со седум гола беше прв стрелец, Симиќ имаше шест погодока, кај Пролет Давор Палевски имаше девет гола, Петковски застана наносум.