Околу 35.000 гледачи на „Пољуд“ во Сплит во дербито на ХНЛ меѓу Хајдук и Осијек. Дерби во кое имаше од се по нешто, но само голови немаше. И веднаш да кажеме дека и нашиот Јани Атанасов беше дел од овој меч, имено тој влезе во игра во тимот на Хајдук во 66.минута, но не успеа да помогне во евентуална победа на својот тим.
Поништен гол, одбранет пенал, црвен картон за гостинскиот стратег Ненад Бјелица. Беше навистина интересно.
Сепак со овие 0:0, и двете екипи му направија услуга на Динамо Загреб, кој и со меч помалку стана есенски првак.