Поранешниот англиски судија број еден, Марк Клатенберг, даде свое мислење за јавноста во Англија за спорната ситуација на вчерашниот натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Според него, Хари Кејн требаше да биде исклучен со црвен картон поради опасно опасниот старт на Робертсон, а Ливерпул требаше да добие пенал поради прекршокот на Емерсон против Жота во првото полувреме. Голот на Енди Робертсон, кој дојде по играње со рака на Мохамед Салах, е добра одлука, бидејќи правилата за ненамерно играње со рака се променети на стартот на сезоната.
„Ако прекршокот на Хари Кејн врз Енди Робертсон не е црвен картон, тогаш не знам што е. Влезот е опасен, над зглобот, крампоните директно одат на ногата, стартот доцни. Енди Робертсон знаеше дека ако неговата нога остане на теренот, има добри шанси да биде носен на носилки и да го помине Божиќ во заштитна чизма. Така тој скокна назад и избегнал посериозна повреда. Кејн се извлече бидејќи судијата Пол Тиерни му покажа само жолт картон, а Крис Кавано, кој беше задолжен за ВАР, одлучи дека тоа не е јасна и очигледна грешка.Да бев јас во прашање ќе му покажев црвен картон на Кејн. Да се биде капитен на Англија не значи дека имате посебно право на опасни стартови. Никогаш не сум ги доживувал важните англиски репрезентативци поинаку од другите. Ниту еден судија не треба да го земе тоа предвид“ – вели Клатенберг па додаде.
„Прекршокот врз Жота мораше да заврши со пенал. Емерсон Ројал го удри Диого Жота во грб, без никакви шанси да игра за топката. Имаше уште еден дефанзивец кој го покриваше Емерсон, па не требаше да има црвен картон, но Ливерпул мораше да добие пенал“ – додава Клатенберг.