Австралија Опен без минатогодишната финалистка

238

Првиот Гренд слем турнир во 2022 година, популарниот Австралија Опен, овојпат ќе биде ослабен за минатогодипната учесничка во финалето, Американката Џенифер Брејди која поради повреда мораше да го откаже учеството.

Се работи за повреда на стопалото, а оваа информација ја потврди и самиот организатор. Брејди поради чести повреди во моментов е на 81. место на ВТА листата.

Освен таа веќе откажани од претходно се и Каролина Плишкова, Венус Вилијамс и Бјанка Андреску.

Претходно„ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ“ РАДУВА МНОГУ ИГРАЧИ НА 2win.mk
СледноСари го избрка Милинковиќ Савиќ од тимот