Во последно време, а посебно во фудбалската јавност во Франција, се коментира дека ангажманот на Лео Меси бил лош потег на ПСЖ. Дека Аргентинецот не дава речиси ништо за “светците“ од она што и даваше на Барселона.
Се разбира дека овие критики наидоа на одговор од страна на клубот од Париз, и тоа од спортскиот директор Леонардо, кој застана цврсто зад Меси.
“Ако почнете да дискутирате за Меси, тогаш тоа значи дека вие не знаете ништо за фудбалот. Тој е генијалец. Ние не го доведовме тој да прави шоу на секој натпревар. Зошто мора на секој меч да претрчи 12 км, тој веќе 20 години игра на ист начин. Тој се прилагодува зошто е генијалец, а останатите наши генијалци ќе се прилагодат на неговиот стил“ посочи Леонардо.