Кин: Знам што ќе им кажам на Мегваер и Де Геа кога би бил тренер на Јунајтед

456

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рој Кин кој сега работи како аналитичар на натпреварите во Премиер лигата често ги критикува фудбалерите на клубот од „Олд Трафорд“. Ирецот кој важи за човек кој директно кажува што мисли „удри“ по голманот Де Геа и дефанзивецот Хари Мегваер, а во емисија наменета за Премиер лигата посочи дека кога би бил тренер на Јунајтед директно би им поставил предизвик.

Не се шегувам. Не ме знаеш. Не си бил во соблекувална со мене. Мора да им поставуваш предизвици на луѓето. Кога би бил тренер на Јунајтед, па макар и привремен, би ги повикал во канцеларија и би им кажал дека бев доста критички настроен кон нив и дека сега треба да ми докажат дека грешам. И толку, крај на разговорот. Ако се вознемират, не е проблем, играчите постојано се вознемирени“, изјави Кин.

 

ПретходноФенер му врачи отказ на Переира, тројца тренери во игра за неговото место
СледноАрменд Алими го засилува Шкупи!