Ние игравме и кога имавме 8 заболени, а сега одложуваат за двајца позитивни

166

Мечот меѓу Удинезе и Салернитана кој требаше да се одигра вечерва е одложен поради тоа што гостите имаат заразени фудбалери. Локалните здравствени власти не им дозволија на гостите да допатуваат во Удине ниту им дозволуваат да играат ниту да тренираат извесен период. На тоа реагираше директорот на Удинезе Пјерпаоло Марино кој ги нарече одлуките глупави и нелогични.

Што да правиме, мораме да ги почитуваме правилата што ги налагаат Властите. Лигата има обврска да ја заштити регуларноста на сезоната и тоа значи дека не можеме да одложиме меч поради еден или двајца фудбалери со позитивен тест на коронавирус.

Па ние отидовме во Рома против Лацио без седум фудбалери и без тренерот затоа што беа заразени со Ковид-19. Мечот не се одложи, а ние победивме со 3:1.

Ако Серија А одлучи да го откаже мечот тогаш ризикува слични сценарија секој викенд што не е во интерес за клубовите, навивачите или оние што ги пренесуваат натпреварите“, изјави Марино.

Од друга страна директорот на Салернитана Анџело Фабијани се оправда со тоа што тие сакале да играат, но од Лигата им наредиле да не го прават тоа.

Ни забранија да патуваме. Што да правиме? Штом од Лигата рекоа дека не смееме да патуваме ниту да играме тогаш мораме да ја почитуваме одлуката“, рече Фабијани.

ПретходноНов крал на асистенциите – Тадиќ го урна рекордот на Меси
СледноПелистер Волеј со нови договори и најави неколку нови засилувања