Некогашниот шеф на тимот на Ферари во Формула 1 шампионатот, Жан Тод уште еднаш проговори на темата Михаел Шумахер.
Тој како и обично не даде никакви детали околу состојбата на легендарниот возач, кој страдаше во несреќа во 2013 година.
„Секако дека од почит кон семејстово и самиот Михаел нема да дадам детали за неговата состојба. Ќе кажам само дека го посетувам два пати месечно. Ние пројдовме многу заедно, и сеуште сме заедно. Не сакам да го оставам сам“ – изјави Тод.
Долго најавуваниот документарен филм за Михаел Шумахер кој требаше да ги обелодени сите мистерии и детали за неговата несреќа како и состојба во моментов е одложен поради пандемијата од коронавирусот, но наскоро ќе излезе во јавноста.
Во него ќе се појави целото негово семејство со секако екслкузивни снимки и нормално правата вистина околу животот на Михаел Шумахер по несреќата во 2013 година која засекогаш му го промени истиот.