Ливерпул се спаси во 95 минута, па победи на пенали во Лига купот

187

Интересен меч се одигра на „Енфилд“ во четвртфиналето на Лига купот. Ливерпул губеше со 1:3 од Лестер, а успеа да изедначи со гол на Минамино во 95. минута, па потоа да победи на пенали и да се пласира во полуфиналето.

Џејми Варди даде два гола, еднаш погоди Медисон за водство на Лестер со 3:1 во првото полувреме (Окс-Чембрлејн за Ливерпул). Во вториот дел Диого Жота намали, а во последните секунди Минамино донесе реми 3:3.

Се отиде кон изведување на пенали, а Ливерпул победи со 5:4. „Црвените“ пет пати погодија од белата точка, а еднаш промашија (Минамино), додека гостите два пати не погодија.

Во наредната фаза отиде и Челзи кој славеше кај Брентфорд со 2:0 како и Тотенхем кој го победи Вест Хем со 2:1.

ПретходноПСЖ во последните секунди се спаси од пораз во Лориен, Рамос доби црвен картон (видео)
СледноСо два гола на Бензема Реал ги однесе бодовите од Билбао (видео)