Короната и новиот сој “Омикрон“ прават хаос низ Европа, а посебно во В. Британија. Па така денеска е одлучено да се одложат два меча од попураниот “Боксинг – деј“. Тоа се средбите Ливерпул – Лидс и Вулверхемптон – Ватфорд. Овие натпревари требаше да се играат на 26.12. (недела) кога е закажано цело празнично коло.
Значи по долги, долги години една традиција во Англија е срушена. Познато е колку е популарно во фудбалскиот свет тоа празнично коло. Инаку се наговестува дека е можно и некои други мечеви да се одложат од “Боксинг деј“ и се поради таа проклета Корона.