Тренерот на англискиот премиерлигаш Евертон, Рафаел Бенитез изјави дека барањето на неговиот клуб до Премиер лигата за одложување на неделниот првенствен натпревар против Барнли е одбиено.
„Имаме шест повредени играчи и пет заразени со Ковид“, рече Бенитез.
„Мислам дека тоа не е фер“, дополнил тој.
Натпреварот на Ливерпул против Лидс Јунајтед и гостувањето на Ватфорд кај Вулверхемптон беа одложени претходно во четвртокот поради поголем број на инфекции со коронавирус.