Интер денеска и офцијално го потврди новиот договор со дефанзивецот Федерико Димарко.
Новиот договор на младиот фудбалер ќе важи до летото 2026 година.
Италијанецот е дете на Интер, но дури оваа сезона почна да игра редовно за него. Претходниот мина период како позајмен во дресот на Верона.
Во тековниот шампионат во Серија А, Димарко настапи на 18 натпревари на кои постигна 2 гола.