Го нема Јанг, но тука е Богдановиќ: Атланта на крилата на Србинот славеше против Филаделфија

222

Екипата на Атланта славеше на гостувањето кај Филаделфија со 98:96 за 15-та победа сезонава во НБА лигата.

Хокс ја немаа „машината“ Тре Јанг, но затоа Богдан Богдановиќ беше во елемент и играше и за него. Српскиот кошаркар со своите 15 поени во последните десет минути ја обезбеди победата за својот тим.

Добар настап за Атланта имаше Кем Редиш со 18 поени, а кај поразените Џоел Ембид даде 23 поени.

Денвер е поразен на свој терен од Шарлот со 107:115. Никола Никола Јокиќ повторно беше во ритам и забележа 29 поени и 21 скок, а по него Факундо Кампацо даде 12 поени. Хортнетс до победата ги водеше Кели Убре со 23 поени, Тери Роџер уфрли 17 поени.

Одлична вечер имаше и Стив Кари кој уфрли осум тројки во победата на Голден Стејт против Мемфис и мечот го заврши со 46 поени.

 

ИНДИЈАНА – ХЈУСТОН            118:106
ОРЛАНДО – ЊУ ОРЛЕАНС      104:110
ФИЛАДЕЛФИЈА – АТЛАНТА     96:98
МАЈАМИ – ДЕТРОИТ   115:112
ЊУЈОРК – ВАШИНГТОН          117:124
ДАЛАС – МИЛВОКИ     95:102
ДЕНВЕР – ШАРЛОТ     107:115
ФЕНИКС – ОКЛАХОМА            113:101
ЈУТА – МИНЕСОТА      128:116
ГОЛДЕН СТЕЈТ – МЕМФИС     113:104
Л.А.ЛЕЈКЕРС – САН АНТОНИО           110:138

ПретходноИнтер не ги дава своите деца: Нов договор за Димарко
СледноДесетминутна тепачка на тренер со навивачи на одбојкарски меч (видео)