Компанијата за фудбалски анализи „Опта“ ги определи тимот на полусезоната во Серија А врз основа на статистиката од нивните настапи во првите 19 меча од сезоната. „Опта“ води статистика во најсилните европски фудбалски лиги, а со ефектот од досегашните настапи е креиран овој тим од идеални 11. И покрај тоа што Интер е лидер само тројца фудбалери се во оваа екипа, тоа се голманот Самир Хандановиќ, играчите од средниот ред Хакан Чаланоглу и Марсело Брозовиќ. Во него ги нема македонските интернационалци Елис Елмас и Горан Пандев. Елмас игра одлична сезона во Наполи, а неговите перформанси се подобрија не последните натпревари но недоволно за да влезе во овој тим.
ТИМОТ НА ПОЛУСЕЗОНАТА СПОРЕД „ОПТА“
ГОЛМАН: Самир Хандановиќ (Интер)
ОДБРАНА: Хуан Квадрадо (Јувентус), Желсон Бремер (Торино), Матијас де Лихт (Јувентус), Тео Ернандес (Милан)
СРЕДЕН РЕД: Хакан Чаланоглу (Интер), Марсело Брозовиќ (Интер), Фабијан Руис (Наполи)
НАПАД: Марио Пашалиќ (Аталанта), Душан Влаховиќ (Фиорентина), Џовани Симеоне (Верона)
XI – Here is the Serie A 2021/22 best XI so far (first half of the season) based on Opta data. Choir. pic.twitter.com/lnHGuR46XJ
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) December 23, 2021