Марсело Брозовиќ ќе остане дел од тимот на Интер, и ќе потпише нов договор до 2025 година. Ова се последните информации од Милано, каде што со Хрватскиот интернационалец се водеа долгри преговори околу неговото останување или пак евентуално заминување од Интер.
Актуелниот договор на Брозовиќ завршува на лето, па од клубот поитаа да се договорат за нова соработка, со која играчот за врска ќе заработува 6 милиони евра по сезона.
Брозовиќ е незаменлив во дресот на Интер сезонава, одигра 24 мечеви и постигна еден гол.