Селекторот на Македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров предмалку го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за пријатлеските мечеви закажани против Србија во Ниш на 19 и 20 јуни.
Со олгед на фактот што се работи за Б репрезентација односно контролни средби на кои селекторот сака да провери со што располага во моментов, на списокот се наоѓаат 35 ракометари, кои нормално ќе добијат шанса да покажат дали имаат репрезентативен квалитет во себе.
Сличен потег направи и селекторот на Србија Тони Херона за оваа прилика повикувајќи разноврстен состав од интернационалци но и играчи кои настапуваат во домашниот шампионат.