“Лавовите“ си закажаа “тестови“ со Висла Краков и Слован Братислава!

383

Македонија ЃП, екипата која финишот на есенската полусезона го одигра одлично, зимските подготовки ќе ги започне на 4 јануари. До 18 ќе се работи во Скопје а од 20 јануари па до 4 февруари “лавовите“ ќе се подготвуваат во својата традиоционална база – Анталија (Турција).

Според зборовите на стратегот на тимот, Муарем Бајрами, Македонија ЃП во Анталија веќе договорила два пријателски натпревари и тоа со силни екипи.

Планирано е во Анталија да одиграме неколку натпревари од кои два веќе договоривме. Ривали ќе ни бидат Висла Краков и Слован Братислава. Намерно сакавме да имаме што посилни противници, целта е јасна, само низ вакви тестови ќе можеме да дојдеме до посакуваната форма“ вели Бајрами за „Спортмедиа“.

БИ САКАЛ ЕМИНИ ДА ОСТАНЕ, АМА….

Инаку актуелно е што со Сефер Емини. Се шпекулира дека тој ќе прави трансфер во Шкендија.

Секако дека за така квалитетен играч како што е Емини има интерес, има понуди. Не би сакал да говорам дали и каде ќе оди, но јас како негов тренер секако дека посакувам тој да остане во Ѓорче барем до јуни. Сепак, ќе видиме како ќе се одвиваат работите со него“ заврши Бајрами.

ПретходноМурињо би можел да биде селектор на Нигерија!?
СледноЕсенскиот првак и официјално “раскина“ со Зука!