Столе веќе е во Барселона, првичните контакти се остварени! Еве зошто Чави го сака Македонецот! (ВИДЕО)

24915

Вистинска “МЕГА – БОМБА“ одекна утринава во фудбалска Шпанија. Имено Барселона, еден од најголемите клубови во светот не само што пројавила интерес туку и посакува да го ангажира Столе Димитриевски. Тоа е голманот на Рајо Ваљекано, најдобриот голман оваа есен во Ла Лига. И кога е така тогаш не е изненадување што една Барса сака да те доведе во своите редови.

Инаку последните вести од Шпанија, поточно од Каталонија, говорат дека нашиот репрезентативец веќе е во Барселона, дека првичните контакти се остварени и нема да биде сензација ако Столе Димитриевски во јануарскиот преоден рок и официјално стане член на гигантот од “Камп Ноу“.

Инаку Столе има договор со Рајо до 2024 година, но има и откупна клаузула која вреди 6 милиони евра која Барселона не би требало да има проблем да ја плати.

Во медиумите во Шпанија се констатира дека на овој трансфер најмногу инсистирал тренерот Чави Ернандез. А низ видеото од некои одбрани на Столе во последно време, се гледа и зошто.

Гледајте и уживајте во одбраните на најдобриот голман во Ла Лига и можеби идниот член на Барселона.

ПретходноПРЕТПРАЗНИЧЕН МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ВО СТРУМИЦА И ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
СледноГостивар се засили и со Хусеин Демири!